Глобалните температури растат: Дали 2023 ќе биде најтоплата година досега?

Според прелиминарните податоци, јунските глобални температури веќе достигнуваат рекордни вредности пред доаѓањето на Ел Нињо, а експертите стравуваат дека 2023 година би можела да биде најтоплата година во историјата на мерењата.

Глобалните просечни температури регистрирани досега во јуни се за речиси 1 степен Целзиусови повисоки од претходно регистрираните нивоа за тој месец.
Со оглед на тоа дека е само средината на јуни, постои можност да нема нов јунски рекорд, но климатолозите предупредуваат дека се соочуваме со зголемување на глобалното затоплување, што би можело да ја направи оваа година најтоплата досега забележана, надминувајќи ја 2016 година, пишува The Guardian.

„2023 година речиси сигурно ќе биде најтоплата година досега“
Минатата недела американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA) изјави дека Ел Нињо пристигнал и дека „постепено ќе зајакне“ на почетокот на следната година.

„Глобалната аномалија на температурата на површината моментално е на или блиску до рекордни нивоа, а 2023 година речиси сигурно ќе биде најтоплата година досега“, изјави климатологот Мајкл Ман од Универзитетот во Пенсилванија.
Финскиот метеоролог Мика Рантанен наведува дека температурите во јуни се веќе „натпросечни“ и дека е „сосема сигурно“ дека ќе имаме рекордно топол јуни. Оваа година, веќе видовме силни, рекордни топлотни бранови кои ги погодија Порторико, Сибир и Шпанија, додека екстремните горештини во Канада поттикнаа огромни шумски пожари кои го прекрија небото над Њујорк и Вашингтон со токсичен чад минатата недела.

Проблемот со Ел Нињо и емисиите на стакленички гасови
NOAA вчера објави дека минатиот месец бил трет најтопол мај во светот во последните 174 години, со фактот дека во Северна и Јужна Америка ова бил најтоплиот мај во историјата на мерењата. Агенцијата наведува дека има 12 отсто шанси да не чека годишен рекорд на топлина во 2023 година, но додава дека оваа година речиси сигурно ќе биде меѓу првите десет, ако не и петте најжешки во историјата.

Во мај, Светската метеоролошка организација предупреди дека глобалните температури поради Ел Нино и емисиите ќе се зголемат во следните пет години и дека речиси сигурно ќе има рекордно топли години во тој период.

„Тоа сигурно ќе има влијание врз остатокот од светот“
„Океаните постојано се загреваат, но сега гледаме рекордни температури, што секако е алармантно со оглед на тоа што се очекува засилување на Ел Нињо. Ова секако ќе има влијание врз остатокот од светот“, рече климатологот на NOAA, Елен Бартоу-Гилис.

Без оглед на тоа дали 2023 година ќе биде или не најтоплата година досега, научниците предупредуваат дека ескалацијата на ефектите од климатската криза се веќе евидентни и дека глобалното затоплување нема да забави се додека емисиите на стакленички гасови не се радикално намалени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.