недела, 15 ноември 2026
Најново

Голема промена на времето, еве какво ќе биде викендов!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда, прогнозираат синоптичарите.

Поврзани вести