Парискиот Музеј на модерната уметност Musee d’Art Moderne во соработка со Фондацијата Кит Харинг ја посвети својата пролетна сезона на големата ретроспективна изложба на американскиот уметник Кит Ален Харинг со посебен акцент на политичката содржина на неговите дела на оваа сметана за субверзивна и милитантна поп икона на уметноста на XX век.Низ речиси 250 слики и импрегнирани платна, и уште дваесетина монументални дела кои од 19-ти април до 18-ти август ќе бидат изложени во галеријата Le Centquatre во градскиот совет на француската престолнина Париз, изложбата под наслов „Политичка линија“ во организација на Musee d’Art Moderne се настојува да се прикаже политичкиот активизам кој го проткајува низ сликовниот израз на Кит Харинг, кој стана препознатлив визуелен јазик на XX век, се наведува во најавата на изложбата која ќе биде отворена во петок навечер.Сликите, цртежите на импрегнирано платно на Харинг коишто ги изложуваше во јавните простори на подземните железници, како и скулптурите кои, исто така, ги поставуваше на јавни места сакајќи да допрат до што побројна публика, во себе носат пораки на социјалната правда и промени, на што уметникот му посвети најголем дел од своето уметнички и животно битисување.Политичките идеи и пораки кои сакал да ги пренесе не се само дел од неговото уметничко наследство, тие имаа и вистинско влијание врз другите уметници и врз современото општество, тие прозборуваа за социјалната правда, слободата на индивидуата и промените во заедницата. Изложбата во Париз низ приказот на општествено-политичките опсесии на Харинг, ги повикува посетителите да размислата за важноста на неговиот активизам во историскиот и политички контекст.Еден од најпознатите уметници на своето време, Кит Харинг кој живееш од 1958 до 1990 година, разви уникатен стил одбележан со истражувачка графичка линија во комбинација со репертоарот на амблематските симболи, во кои со сопствен израз ги вообликува концептите на раѓањето, смртта, сексот и војната.Неговите дела се изложувани во многу познати музеи и на уметнички биеналиња низ светот, рамо до рамо со делата на другите истакната уметници кои со своите дела ги менуваа уметничките текови, како што се Енди Ворхол, Жан-Мишел Басква, Рој Лихтенштајн, Роберт Розшенберг, Џени Холцер и Даниел Барен.Свесно и често заземајќи ги улиците и другите јавни простори, сакајќи да допре до најшироката можна публика, Кит Харинг неуморно се спротиставуваше и бореше на расизмот, капитализмот, насилството и неправдата во кои и да е облик, со особен акцент на режимот на апартхејдот во Јужноафриканската Република, заканата од нуклеарна војна, уништувањето на природната околина, хомофобијата и ширењето на СИДА-та кога во 1998 година му беше дијагностицирана, формираше фондација дел наменета и за помош на заболените од СИДА и ХИВ позитивните.Харинг на сите водови подлоги а својата уметност ја комерцијализираше репродуцирајќи ја на стоки за широка потрошувачка кои ги продаваше во неговата продавница „Pop Shop“ во Њујорк отворена во 1986 година.Изложбата во Париз ќе биде досега најголемата и најрепрезентативната изложба на Харинг, а ќе се обиде и да одговори на прашањата за уемтноста во јавните простори, опресивноста на владите и масовните медиуми, улогите на поединецот во оптшествениот поредок итн.
МакфаксПарискиот Музеј на модерната уметност Musee d’Art Moderne во соработка со Фондацијата Кит Харинг ја посвети свој