Голема трагедија во БиХ- татко ги убил своите три деца, а потоа се самоубил

Невидена трагедија вчера ја потресе Босна и Херцеговина и целиот регионот. Татко ги убил своите три малолетни деца, по што се самоубил. Ужасната трагедија се случила вчера попладне во градот Бихаќ.
Службеници од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството и денес го продолжија увидот на местото каде триесет и седумгодишниот Адмир Совиќ ги убил своите три деца, а потоа се обесил.
Деталите за ова злосторство уште не се соопштени, само се претпоставува дека причина за овој татко-монструм да го изврши ова злодело е тоа што пред околу две недели сопругата го напуштила.
Од достапните информации се знае само дека најстариот Ахмир имал седум години, Неила пет години, а Ајлан две години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.