Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегира судиите за завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ), а најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа избрани да ја делат правдата во финалето.
Во првото полуфинале на 8 јуни ќе се соочат Магдебург и Алборг од 15 часот, а правдата ќе ја делат Шарлот Бонавентура и Јулие Бонавентура, додека во второто полуфинале од 18 часот ќе судат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото.
На 9 јуни од 15 часот ќе се игра мечот за трето место, а арбитри ќе бидат Адам Биро и Оливер Кис, додека најдобрите македонски судии Начевски и Николов ќе ја делат правдата во финалето кое е закажано од 18 часот.



