Сите веќе добро знаеме колку е важен сонот за нашето здравје, но дали сте знаеле колку големо влијание има на кожата на лицето?
Истражувањето кое е спроведено од „Bensons for Beds“, открило кои последици ги остава неспиењето на нашето лице. Во студијата учествувале 30 жени, на кои истражувачите им ја тестирале кожата на лицето, после шест и после осум часа спиење.
Докажано е дека после шест часа сон, на испитаничките им се зголемува видливоста на брчките за 45%, а црвенилото на лицето и депигментацијата за дури 127%.
Основачот на биртанската Школа за сон, докторот Гај Мидовс, објаснил што се случува со нашето тело кога спиеме. „Сонот е период кога телото се одмора, се обновува и ги исфрла токсините од кожата. Кога спиеме помалку од осум часа, телото не го добива потребното време за овие важни процеси.“
Покрај тоа што го нарушува добриот изглед на кожата на лицето, недостатокот на сон негативно влијание и на нивото на самодоверба. Докажано е дека нивото на самодоверба кај просечните луѓе се намалува за 20 отсто ако спијат шест часа и дека после цел ден 33 отсто се чувствуваат помалку привлечно.