Големо невреме во Шибеник

Невреме проследено со силен дожд, грмотевици и град со големина на лешник вчера го погоди Шибеник, додека на планината Динара паѓаше снег. За пет минути во Шибеник наврна град кој ги прекри улиците како снежна прекривка.
Невремето ги изненади граѓаните на Шибеник, бидејќи беше најавен само дожд, пренесува “Индекс“.хр. За денес на Динара повторно се очекува да паѓа снег, а снеѓната покривка да надмине 20 сантиметри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.