Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на САД Доналд Трамп забележа значителен пад на поддршката кај жените и Латиноамериканците (по 7 поени во секоја група, на 36% кај жените и 28% кај Латиноамериканците).

Партиските ставови и натаму се силно поларизирани: 86% од републиканците го одобруваат, додека 93% од демократите не го одобруваат неговото работење. Кај независните гласачи, поддршката паднала на 31%, што е најниско ниво од неговиот прв мандат и слично на јануари 2021.

Истражувањето покажува дека претседателот губи поддршка во речиси сите клучни прашања со кои се занимавал, а и довербата на јавноста во неговата способност за справување со овие прашања исто така опаѓа.

Популарноста на Трамп по прашањето на економијата значително опаднала од почетокот на март, откако воведувањето на царини предизвикало нестабилност на берзата и загриженост за раст на цените. Одобрувањето на неговото справување со инфлацијата паднало за 9 поени, на 35%, а по прашањето на царините за 4 поени, исто така на 35%. Оценките за економското управување паднале за 5 поени, на рекордно ниски 39%.

Само 52% изразуваат доверба во неговата способност да управува со економијата, што е за 13 поени помалку отколку во анкетата на CNN од декември.

По обемните чекори за реструктуирање на федералната администрација, Трамп забележал пад на одобрување за управување со владата (42%, пад од 6 поени од март), а само 46% веруваат дека може да назначи најдобри луѓе на функциите, што е 8 поени помалку отколку во декември.

Американците и понатаму се поделени околу тоа дали Трамп ги исполнил клучните предизборни ветувања: 48% сметаат дека тоа го прави добро, а 51% – лошо, што е слично на резултатите од истиот период во неговиот прв мандат. Повеќето (55%) велат дека презел барем некои чекори за решавање на националните проблеми, иако само 28% веруваат дека веќе направил нешто што почнало да дава резултати.

Анкетата на CNN била спроведена меѓу 1.678 возрасни лица ширум САД од 17 до 24 април, преку онлајн и телефонски интервјуа. Примерокот има маргина на грешка од плус/минус 2.9 процентни поени.

Пронајдете не на следниве мрежи: