Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пламенот, а засега нема информации за повредени.Според Ројтерс, се уште не е познато што го предизвикало пожарот во оваа индустриска фабрика.Во текот на изминатата ноќ нема извештаи за напади со украински беспилотни летала во областа зафатена од пожарот.1,600 m² are ablaze, with explosions still rocking the industrial zone of Russia’s Leningrad region.Media reports say the fire has engulfed a Russian acetone production plant, leading to a major fuel spill.Authorities have not yet disclosed the cause of the fire. pic.twitter.com/bFDuge2618— KyivPost (@KyivPost) January 10, 2025Пожарот зафатил 1.600 метри квадратни, а подалеку се уште се слушаат експлозии.Од друга страна, дел од корисниците на социјалните мрежи кои споделуваат снимки од пожарот тврдат дека во фабриката удриле украински дронови.Сепак, оваа информација се уште не е официјално потврдена.