Овластувањата на шефот на државата во Унгарија, по престанокот на мандатот на актуелниот претседател Тамаш Шуљок, привремено ќе ги преземе претседателката на парламентот, Агнеш Форстхофер, објави премиерот Петер Маѓар.
Во видео обраќање на Фејсбук, Унгарецот рече дека откако претседателот Тамаш Шуљок денес го потпиша 17-тиот амандман на Уставот, со кој неговиот претседателски мандат завршува на полноќ на 20 јули, отстранета е последната пречка за стапување во сила на заедничките одлуки.
Тој додаде дека парламентот има рок од 30 дена да избере нов претседател, пренесува МТИ.
Во понеделник, на 13 јули, унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот, кој овозможува прекинување на мандатот на претседателот Шујок, а унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека тоа е важен чекор во, како што изјави, враќањето на уставниот поредок и реформата на државните институции.
The post ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО УНГАРИЈА! Шуљок поднесе оставка, еве кој седна на претседателската фотелја (фото) appeared first on Во Центар.



