Меѓу другото, Ремзи рече дека пандемијата била погубна за сите оние кои се вклучени во индустријата, но и добра можност да се истребат сите лоши ресторани кои некогаш ги исполнуваа улиците.
„Во последните две години беше поразително, но се подобрува. Мислам дека на сите им е јасно дека ‘дупките’ ги нема“, рече Ремзи, истакнувајќи дека мислел на лоши ресторани кои биле на завидни и достапни позиции.
Телевизиската кулинарска ѕвезда не прецизираше на кого мисли, а истакна дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните.
„Клиентите станаа многу попаметни во последните две години. Тие знаат многу повеќе за храната отколку што беше случај порано, така што оние во угостителската индустрија сега се принудени да подигнат сè на повисоко ниво“, изјави тој за радиото.
Ремзи, исто така, го коментираше фактот дека тој и неговото семејство патувале во нивниот дом во Корнвол за време на локдаунот, што предизвика контроверзии кај многумина.
„Стигнавме таму во вистинско време и беше неверојатно. Тие времиња никогаш повеќе нема да се повторат“, рече готвачот, истакнувајќи дека поминал драгоцено време со своето семејство.
Гордон, потсетуваме, често е критикуван од своите следбеници за високите цени во неговите ресторани, а мета на критики беше и пред божикните празници кога најави дека вечера ќе чини 370 долари по човек, без вклучени пијааоци.