Гордоста зема голема животна енергија и сила! Како да ги препознаете горделивите луѓе?

4. Имаат заштитнички став кон кој било. Таквото исполнување на гордоста е блиско до претходното. Обично тие луѓе кога помагаат некому бараат благодарност и почитување. Од нив може да слушнете: „Треба да ми бидеш благодарен за тоа што го направив за тебе!“

5. Често понижуваат други, но и себеси. Постојат луѓе кои себеси се сметаат за губитници, веруваат дека не се способни за ништо, дека се духовно слаби, а кога ќе видат некого што е над нив, подготвени се да ползат на колена пред него. Во исто време, ако забележат луѓе кои се на пониско ниво од нив, ќе ги тераат да се однесуваат на истиот начин како и тие кога се во присуство на „посупериорна“ личност.

6. Тие цврсто стојат на ставот: „Без мене светот не може да постои.“ Таквите луѓе мислат дека сѐ зависи само од нив: Светот, работата, семејството… Овде постои тенка линија помеѓу одговорноста и сопствената важност.

7. Имаат премногу сериозен однос кон себе. Кај нив се појавува чувство дека тие се многу важни личности. И тоа чувство им дава повод да се нервираат со или без причина. А, кога во животот не се случува нешто како што тие не сакаат, можат едноставно да станат и да си заминат. Оваа ситуација често се забележува во семејствата пред развод. Секој брачен партнер смета дека на тој начин ја исполнува силата на својот карактер, но тоа не е така. На тој начин, тие всушност покажуваат слабост.

8. Тоа што си даваат преголемо значење, од друга страна, доведува до уште еден проблем – започнуваат да се фокусираат на тоа што другите го мислат или го кажуваат за нив. Тие се фиксирани на своите проблеми и постојано зборуваат за нив, па затоа и им се појавува нарцисоидност и самољубие.

9. Бескрајно се фалат бидејќи тоа само го полни нивното чувство на супериорност над другите, додека во реалноста имаат комплекс на инфериорност, и едноставно им е потребно да добијат одобрување од другите за да го почувствуваат своето значење.

10. Одбиваат помош. Гордиот човек не дозволува другите луѓе да му помогнат. Зошто? Затоа што сака сам да ги набере своите плодови –се плаши дека ќе мора да ги подели со некого.

Продолжува на наредната страна. Скролајте до доле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.