Горивата поскапуваат на полноќ, дизелот за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика информира за новите повисоки цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Согласно донесената одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит.
Дизелот од полноќ поскапува за два денари. На бензиските пумпи ќе се продава по цена од 65 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,131 ден/кг.
Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,131 (денари/килограм)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.