четврток, 12 ноември 2026
Најново

ГОРИ ЃУБРЕТО ВО ФРАНЦИЈА: Полицијата фрла со солзавци и води улични битки со левичарите кои подигнуваат БАРИКАДИ (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Париската полиција забрани собири на две жаришта на протести против пензиските реформи на францускиот претседател Емануел Макрон, додека илјадници луѓе продолжија да демонстрираат ширум земјата против мерките, пишува Politico.

Во изминатите две вечери, луѓето излегоа на улиците за да протестираат поради употребата на членот 49.3 од францускиот устав од страна на владата за наметнување на контроверзниот закон за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Повеќе од 300 луѓе беа уапсени низ целата земја, од кои 258 на плоштадот Конкорд во Париз, спроти францускиот парламент.

„Поради сериозните ризици од нарушување на јавниот ред и безбедност… сите собири се забранети на Плас де ла Конкорд и неговата околина, како и во областа Шанзелизе“, соопшти полицијата, пренесе АФП.

Беше запален ѓубрето натрупано по улиците, а беа искршени стаклата на билбордите и автобуските постојки.

Поврзани вести