Гостиварец го нападнал молерот во својот дом

Синоќа во 21.20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од Гостивар, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој се сомничи дека околу 16.30 часот во неговиот дом физички го нападнал А.А.(29) од Република Албанија, кој изведувал молерски работи кај него, по што му ја затворил вратата и не му дозволувал да замине.

-Б.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведено е во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: