МВР информира дека вчера попладне во 15:45 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово кај наплатна станица Тетово на патот Гостивар – Тетово ја лишија од слобода С.А.(35) од Гостивар.
При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувала патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде со сообраќаен знак максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Таа е задржана во полициска станица и против неа ќе следува пријава по член 297-а, „безобѕирно управување со моторно возило“.



