На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа изгласани неколку одлуки врзани со доделување на финансиски средства од општинскиот буџет за 2024-та година.
Според предвиденото во одлуките, за Кошаркарскиот клуб „Гостивар“ и Ракометниот клуб „Јехона“ ќе бидат издвоени по 1,2 милиони денари, додека културно-уметничкото друштво „Соната“ за седмото издание на детскиот фестивал што го организира ќе добие 120.000 денари.
Советниците усвоија и доделување на 100.000 денари на жителка на Гостивар за покривање на штета од пожар во нејзината куќа, на што претходел увид од Комисија и утврдување на штетата.
На седницата, исто така се донесе и одлука за доделување финансиски средства на село Тумчевиште за плаќање на долгот за електрична енергија, која се користи за водоснабдителниот систем.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ