Гостиварските угостители годинава ќе плаќаат пониска такса за летните тераси

Гостиварските угостители оваа година ќе плаќаат помали износи за користење на јавни површини на кои функционираат летните тераси. Локалната самоуправа ваквиот потег го смета како помош за надоместување на загубите во кои западнаа со неработењето поради корона кризата.


Од Општина Гостивар информираат дека во склоп на мерките за управување со кризата создадена од пандемијата со Ковид-19, деновиве градоначалникот Арбен Таравари одлучил да се воведат олеснувања во плаќањето на комунални такси за угостителите кои користат јавни површини како летни тераса.
– Досега беше пракса, рокот за користење да се засметува за 183 дена, а за оваа година, обврската ќе се сведе на само 120 денови. За тие четири месеци цената ќе биде пониска за 30 проценти. Земено вкупно, угостителите годинава ќе плаќаат пониска комунална такса за околу 50 проценти. Оваа мерка за олеснување, има за цел да им помогне на угостителите полесно да се справат со кризата што се појави од пандемијата со Ковид-19, навдуваат од општина Гостивар.
Висината на таксата за користење на површини за летни тераси во Гостивар е определена преку зонирање. Во централниот дел на градот или првата зона за еден метар квадратен дневно се плаќа 10 денари, во втората осум и за третата зона пет денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.