Од утринските часови Гостивар е без водоснабдување. Прекинот е поради дефект на главната водоводна цевка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Екипите од ЈКП Комуналец-Гостивар работат на отстранување на дефектот. Дефектот настанал во текот на вчерашниот ден, а преку социјалните мрежи граѓаните биле известени дека од утринските часови па се до отстранување на дефектот ќе бидат без водоснабдување, се наведува во соопштението.



