Гостивар од петокот е во фокусот на јавноста откако беше обелоденето дека голем број граѓани со стомачни тегоби побарале лекарска помош. Оттогаш бројот на пациенти расте поради што вчера епидемиолозите прогласија епидемија во овој град.
Денеска се очекува да бидат објавени резултатите од земените мостри од гостиварскиот водовод кои или ќе ги потврдат сомневањата дека водата е главниот загадувач или ќе укажат на некој друг причинител.
Водата во Гостивар е забранета за пиење по одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство од петокот, а Обвинителството ги чека резултатите од анализите за да може да донесе одлука за натамошниот тек на постапката. Во меѓувреме, по наредба на јавниот обвинител, локацијата во Вруток се обезбедува.
Во Гостивар прогласена епидемија, се чекаат резултатите која ќе ја откријат причината
По неколку инцијативи за снабдување на вода за пиење за гостиварци, вчера и Владата донесе одлука дневно да се доставуваат по 50 илјади шишиња вода.
За денеска во 12:30 часот во Владата закажана е прес-конференција на министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска и на директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.
The post Гостивар се бори со епидемија, причината ќе биде позната денес appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



