Готвачот Бруно открива тајна за вкусните компирчиња: Вака помфритот ќе остане свеж и крцкав

За да не ја изгуби крцкавоста додека го носите дома, потребно е да направите една едноставна работа.
Вкусниот помфрит сигурно е еден од омилените за многу луѓе, но доколку направите повеќе отколку што е потребно, компирот многу брзо омекнува и повеќе не е вкусен како претходно.
Готвачот Бруно Буше кој што за популарен ланец на брза храна работел три години, открил едноставен начин помфритот подолго време да остане свеж и крцкав, а тоа е добро доколку го нарачувате.
За да не ја загуби крцкавоста додека го донесете дома, потребно е да го направите ова:
„Грешката која сите ја прават е таа што ја затвораат ќесата во која што доаѓа храната. Веројатно претпоставуваат дека така затворена ќе остане топла. Но, тоа е погрешно. Тоа што се случува е тоа што од топлината се создава пареа, а тоа ги омекнува компирчињата и тие нема да бидат вкусни и крцкави“, гласи неговиот совет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.