Готвач – убиец осуден на доживотен затвор! На девојката ѝ го извадил срцето…

Полицијата во станот во Братислава ги пронашла грозоморните останки на 48-годишната жртва, која мештаните ја нарекле Патриша. Според соседите, Патриша го делела станот со готвачот Јозеф Хануска.

Во истата просторија, полицајците пронашле кофа со нејзините црева и други органи кои готвачот и’ ги извадил од телото. Според тамошните медиуми, убиецот ставил и британски пасош на чаршаф кој го фрлил над трупот кој бил пронајден како лежи на креветот.

Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи на 27 април 2017 година, се на чекор да бидат ослободени од кривично гонење, а еден …
Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓе
Најмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс (АЗАЛ) кој утрово се урна во близина на аеродромот на градот Актау во Казахстан.На меѓународниот аеродром …

Соседите го слушнале како и’ се заканува на Патриша дека ќе и’ ја „скине главата“

Соседи велат дека парот често се расправал, а еден од нив рекол дека често го слушал Јозеф како се заканува дека „ќе и’ ја скине главата на Патриша“.

Друга сосетка, познатата словачка актерка Бибијана Ондрејкова, изјави дека не ги познава лично, но знаела за нив.

– Знаев дека се работи за луѓе кои имаат проблеми со алкохолот и дека меѓу нив има чести тепачки – вели Ондрејкова.

Другите соседи се прашуваа дали готвачот планира да ги јаде посмртните останки на Патриша, а други рекоа дека тој се однесувал вулгарно.

На роднина му испратил порака дека ќе се самоубие

Полицијата била повикана на местото на настанот во средата минатата недела, откако роднина добил СМС порака од готвачот дека ќе се самоубие.

Наместо тоа, тој побегнал, но бил уапсен во петокот, откако полицајците го нашле како се крие во подрумот.

Во саботата тој беше обвинет за убиство на жена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.