„ГО ДИГАМ БЕБЕТО ОД КРЕВЕТ, ИАКО НЕМАМ РАЦЕ“ Девојче со крилја покажа како се справува со дете, па и рекоа: „ТИ СИ ЦАРИЦАТА“

Шампионката во паратаеквондо и сликарка Дејана Бачко стана мајка пред четири месеци, кога роди девојче по име Лара. Девојка со крилја покажа како се грижи за бебе
Таа со многу следбеници споделува моменти со својата ќерка, па покажа и како се грижи за неа.

На TikTok таа објави видео наречено: „Ова беше мојот најголем страв“, кое веќе има милиони прегледи. Таа покажа како го крева бебето од креветчето, подготвува оброци и го храни и го преместува од едно на друго место во домот, а коментарите немаат крај.

Го кревам бебето од кревет, иако немам раце – навела таа во описот на објавата.
„Ти си царицата“, „Не ми се верува, солзи сум, ти и твоето семејство сте убави“, „честитки за тебе девојко“, се само дел од пораките кои ги добила Дејана.

Дејана, инаку, на социјалните мрежи одржува профили со својот партнер Марко Нежиќ. Неодамна таа сподели видео со бебето за кое исто така се зборуваше, а нивното гушкање ја разнесе тогашната јавност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.