Го забетонирале жив: Најмила мафијаши да му се одмазди на сопругот, тие направиле хорор

Шеесет и четиригодишна Италијанка ангажирала четворица сицилијански мафијаши за убиството на нејзиниот поранешен сопруг, кој ја ограбил. Како што пренесува „Гардијан“, четворицата Сицилијанци го забетонирале мажот додека сè уште бил жив.
Жртвата е 41-годишниот албански државјанин Ламај Астрид, кој исчезнал во 2013 година, а бил пронајден на Сицилија во бетонски столб на една вила. Телото било откриено за време на реновирањето на куќата. Тој бил идентификуван благодарејќи на парче од неговата кошула заглавено во дупка од столбот.


Убијците се уапсени, а сите четворица биле поврзани со моќно мафијашко семејство.
Според италијанските медиуми, жената го нарачала убиството, затоа што Астрид ѝ го украл целиот накит.
Кога дознала дека телото е пронајдено, таа се обидела да избега од Италија, но е уапсена кај Џенова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.