ГО НАТЕРАЛ НАЈДОБРИОТ ДРУГАР ДА ИСКОПА ГРОБ, ПОТОА ГО УБИЛ ЗАТОА ШТО МУ ГО СИЛУВАЛ ДЕТЕТО: Вјачеслав ослободен по само 6 месеци

Судски епилог доби убиството на Олег Свидиров од Русија, кој го убил Вјачеслав Матросов, неговиот најдобар пријател, бидејќи ја силувал ќерка си. Вјачеслав беше ослободен по шест месеци затвор, точно една година пред истекот на затворската казна за поттикнување на убиство.

ГО НАТЕРАЛ НАЈДОБРИОТ ДРУГАР ДА ИСКОПА ГРОБ, ПОТОА ГО УБИЛ ЗАТОА ШТО МУ ГО СИЛУВАЛ ДЕТЕТО: Вјачеслав ослободен по само 6 месеци

За неговото ослободување придонесе притисокот на јавноста, која отворено го бранеше. Петицијата за ослободување на Вјачеслав ја потпишаа повеќе од 2.500 граѓани.

Поради притисок од јавноста, казната против таткото претходно беше преиначена од убиство во поттикнување на убиство.

Вјачеслав првично беше обвинет дека го избодел пријателот Олег, кој претходно го принудил да си го ископа гробот, откако открил видео снимки на мобилниот телефон како сексуално ја злоставува неговата тогаш осумгодишна ќерка.

Подоцна, истрагата покажала дека таткото не го избодел Олег во шумата каде што неговото тело подоцна било пронајдено во импровизирана гробница. Постојат тврдења дека на Свиридов му бил даден ултиматум да оди во полиција и да признае дека сексуално го злоставувал девојчето или да се соочи со гневот на неговиот татко.

Полицијата извршила разговор и со мајката на девојчето, која открила дека таа и нејзиниот сопруг му дале ултиматум на Олег да се предаде на полицијата до осум часот навечер или да се убие. Меѓутоа, подоцна истата вечер, таткото решил да се одмазди и го принудил својот поранешен најдобар пријател да оди со него во шумата и да ја земе лопата со себе.

Малку подоцна полицијата во телефонот на педофилот пронашла уште вознемирувачки видеа на кои се гледа како Свиридов малтретира уште најмалку три деца. Извори блиски до случајот изјавија дека во телефонот се пронајдени видео снимки на кои се гледа како Олег силува две девојчиња на возраст од шест и 11 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.