Го поттикнува слабеењето, го намалува холестеролот и го освежува здивот: Оваа билка помешана со вода е трансформирачка!

Каранфилот (Syzygium aromaticum) е тропско дрво од кое се добива зачинот, со помош на сушени цветни стапчиња.
Најчесто се користи како зачин, а во минатото беше најпознатата природна состојка за освежување на здивот. Сепак, ефектот на каранфилчето е толку силен што е широко користен како природен лек во многу култури, благодарение на неговиот богат состав.
Најважната состојка на каранфилчето е секако еугенолот, органско соединение со голем антиинфламаторен потенцијал. Има и бројни минерали: калциум, магнезиум, железо, бакар, фосфор, манган, селен, како и витамини Ц, Б6, Е, К, фолна киселина, рибофлавин, ниацин …
Се користи како лек за несоница и, воопшто, за подобрување на квалитетот на сонот, потоа за регулирање на шеќерот во крвта, ублажување на гадење, лекување на воспаленија на усната шуплина и грло, забоболка… Познато е дека ова растение помага при нормална функција на црниот дроб и има аналгетски ефект.


Меѓутоа, она што многу луѓе не го знаат е дека каранфилчето делува така што го намалува холестеролот и крвниот притисок и ја подобрува функцијата и флексибилноста на артериите, благодарение на што може да го продолжи животот.
Бидејќи каранфилчето ја поттикнува работата на дигестивниот тракт, го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот и циркулацијата, па е одлично природно средство за поттикнување на процесот на слабеење.
Има многу корисни рецепти со овој зачин, а еден од омилените е водата со додаток на каранфилче.
Состојки:
1,5 литри вода (флаширана или филтрирана)
5 грама каранфилче
Подготовка:
Истурете го каранфилчето во стаклено шише со вода, а потоа затворете го. Се остава на темно место, на собна температура, да отстои околу пет дена.
Потоа можете, но не мора, да го процедите и да пиете по 100 милилитри секое утро на празен стомак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.