четврток, 12 ноември 2026
Најново

Го продадоа Гранд, па веќе нема тајни: Продукцијата ги откри вртоглавите хонорари на сите, Поповиќ парите не може да ги преброи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гранд продукција за прв пат се огласи околу хонорарите на членовите на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“, а прв пат ја открија и точната сума на хонорарот на директорот Саша Поповиќ.
Тие во своето соопштение до јавноста велат дека се навикнати на големото внимание што ги предизвикуваат хонорарите на членовите на жирито пред почетокот на секоја сезона, па така решија самите да ги откријат сумите.
Тие преку соопштението пишуваат дека Саша Поповиќ како креативен директор на Гранд зема хонорар од 2.000 евра месечно.
Од таму се осврнуваат и на написите во медиумите за астрономските хонорари на другите членови во жирито нагласувајќи дека тоа не е вистина.
Сепак тие освен за цифрата на Поповиќ не сакаа да ги откријат другите поради фактот да не се доведе во заблуда јавноста мислејќи дека едни пејачи се повредни од другите. А ова доаѓа од фактот што сите се сериозни музичари и имаат кариери и не сакаат некој да се кара поради висината на нечиј хонорар.

Поврзани вести