Владејачката СДСМ вчера организираше граѓанска трибина во Струмица во салата Парк. Во салата присуствуваше и екс-премиерот Зоран Заев кој доби громогласен аплауз од присутните кој влегоа во делириум кога се спомена неговото име.
Видеото на социјалните мрежи го сподели членот на извршниот одбор на СДММ, Воислав Поповски.

-ЕЧИ ЗОРАН ЗАЕВ ВО БАСТИОНОТ, пишува членот на извршниот одбор на СДММ, Воислав Поповски.
Претседателот на СДСМ, и премиер Димитар Ковачевски вчера присуствуваше на трибината организирана во Струмица, а во преполната сала во Струмица Ковачевски се осврна на државотворниот капацитет на партијата сите изминати години наназад.
-Ние сме континуитет и на Бранко Црвенковски и трансформацијата на општеството, на Владо Бучковски, на Радмила Шекеринска и кандидатскиот статус на државата. Ние сме континуитетот на Зоран Заев, на храбрите одлуки со кои станавме членка на НАТО, решивме децениски спорови и изградивме Едно општество за сите. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата и за тоа секој социјалдемократ, секој од вас овде присутен во оваа сала е особено горд.“ рече Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи:


