ГО СЛАВЕЛ СВОЈОТ 27 РОДЕНДЕН СО ВЕРЕНИЦАТА, ПА ЖИВИ ИЗГОРЕЛЕ – еден од загинатите бил дел од кабинетот на кичевскиот градоначалник

27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.
Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.
Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.