четврток, 12 ноември 2026
Најново

Го славиме Преподобен Теодор, бил молитвеник и исцелител

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 април.
Денеска е Преподобен Теодор Сикеот.
Овој Теодор ја одбележи монашката историја на своето време. За него со право е речено дека неговиот подвиг го надминуваше подвигот на сите живи аскети од неговото време. Живееше во шестиот и седмиот век. Го нарекоа Сикеот зашто потекнуваше од селото Сикеа, во малоазиска Галатија. Во неговиот дом живееше еден старец, Стефан, од кого Теодор се научи уште како десетгодишно момче на строг пост и ноќно бдеење.


Потоа, природно, подвигот го продолжи во манастир, а подоцна беше избран за епископ на градот Анастасиопол. По 11 години тој повторно се повлече во манастир, каде и го заврши земниот живот. Во текот на животот беше познат како молитвеник и исцелител.

Поврзани вести