Го чува и имунитетот, и паричникот: Пилешка крем супа

Оваа зимска супа е многу здрава, а нема да потрошите многу за да ги купите потребните состојки.
За супата ќе ви бидат потребни:
200 грама бело пилешко месо
1 главица кромид
1 морков
1 компир
3 лажици кисела павлака
сол, бибер
магдонос по вкус
Подготовка:
Кромидот се сече на коцки и се динста, па се додава ситно сечканиот преостанат зеленчук. По неколку минути додадете го месото исечкано на коцки и зачинете по вкус.
Додадете вода и варете на средно силен оган додека сè не омекне.
Се промешува павлаката со малку вода од супата и се додава во тенџерето.
На крај ставете го магдоносот и варете уште една минута.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.