Градбата на повеќекатницата кај “Мајчин дом“ стопирана

„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред “Мајчин дом“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин на прес-конференција изјави дека по разговор со инвеститорот издал решение за запирање на градбата на зградата кај Мајчин дом. Забраната важи за 15 дена.
„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом“, изјави Марин.
Тој додаде дека презема иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, со инвеститорот и со Градот Скопје и оти во петок закажал вонредна седница на Советот на општина Аеродром, на која ги повикува да присуствуваат граѓанските организации и сите засегнати граѓани да присуствуваат на седницата и „да бидат дел од процесот“, вели тој.
Неколку стотици граѓани вчера револтирани излегоа да протестираат против изградбата на висококатница во зелената површина пред Мајчин дом. Тие побараа стопирање на градбата и оставка на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој во предизборната кампања вети дека ќе ја стопира оваа градба. По неколку часовниот протест, состојбата ескалираше со удирање и рушење на поставените тараби и извици „Криминалци, мрш од Аеродром“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.