Градежен Институт Македонија и Макстил во заедничка соработка за реализација на европскиот проект за циркуларна економија – CINDERELA

Проектот „Нов бизнис модел на циркуларна економија за оддржливурбан развој и градба – CINDERELAе комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програма „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран на можностите за намалување на урбаниот отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија. Целите на оваа циркуларна економија се насочени коноддржливурбан развој и градење (ЦЕБМ) за употреба на секундарни отпадни суровини (СОС) во различни области, кои како краен продукт ќе претставуваат употреблив градежен производ, објект или градба. Притоа, во овој процес се поврзуваат различни индустрии, градежниот сектор, општинските услуги, носителите на одлуки и пошироката јавност. Овој проект е од помош на компаниите за воспоставување успешни бизнис случаи на циркуларна економија засновани врз можностите од отпад до ресурс, односно концептот „нула отпад”.

Градежен Институт Македонија кој е дел од конзорциумот на тринаесет извонредни истражувачки институции и организации од седум европски земји вклучени во CINDERELA, за реализација на дел од активностите потребни за овој проект склучи договор за деловно техничка соработка со компанијата Макстил. Главната заедничка активност беше поставување пилот постројка за механичка обработка на секундарна индустриска суровина – троска (црна и бела), добиена присамиот процес на топење на старотожелезово фабриката Макстил.

“Циркуларна економија е концепт којшто Макстил активно го поддржуваи затоа веднаш ја прифати поканата за вклучување во конзорцискиот проект CINDERELA. Суштината на оддржливиот развој ние во нашата компанија ја гледаме во рационалната реупотреба на суровините и отпадните материјали,со еднаква свесност за вредноста на сите материјали во производниот процес и нивното влијание врз животната средина.Во производните процеси на Макстил, тоа што за некого е отпад, ние го гледаме и го третираме како суровина, му ја зголемуваме вредноста и му даваме нова употребна вредност. Така, троската, која е отпад од нашиот производен процес,претставува одлична суровина за градежништвото кадешто се користи како градежен материјал и на тој начин се обезбедува зачувувување наприродните ресурсите. Со поддршката на новиот бизнис модел на циркуларна економијауште еднаш ја потврдуваме нашатагрижа за поздрава и почиста животна средина, заштеда на природните ресурси, подобрување на конкурентноста на нашиот производ и воедно се доближуваме до целта нула отпад”, изјави Иван Бановски, генерален директор на Макстил.

Завод Лабораторија при Градежен Институт Македонија е задолжен за целокупните лабораториски испитувања и тестирања на црната и белата троска за нивна употреба, како и за дизајнот на бетонската и асфалтната мешавина, лабораториските испитувања на готовите производи, бетон и асфалт приготвени во лабораторија.

Претходно во лабораторијата на УГД Штип, како и во други европски лаборатории, беа направени серија тестови со кои се докажа дека ваквите материјали потекнуваат од категоријата инертни материјали коине се штетни по животната средина.

Во оваа фаза се започнува со ревитализација (санација) на деградиран простор во паркинг плато со површина од 6500m2 за што ќе биде употребен агрегат за тампон и реконструкција (санација) на улица со површина од 2150m2 за што ќе биде користен агрегат за асфалт.

 

За изградбата на паркинг плато и улица ќе биде употребено 11 000 тони црна троска, додека за изградба на преградни ѕидови ќе бидат употребувани монтажни бетонски блокови, кои ќе бидат изработени од бетон со додаток на околу 20 проценти бела троска како замена за цемент.

“Реализацијата на овој проект е од големо значење за нашето општество, зошто целта е да се создадат нови бизнис можности во градежната индустрија за одржливо користење на секундарни отпадни материјали од индустријата како идни градежни производи, материјали или објекти” – изјави Доцент д-р Златко Илијовски координатор на проектот CINDERELA за Градежен Институт Македонија.

Како дел од пилот-демонстрационите простори на проектот CINDERELA (H2020), се воспоставени пилот – постројки за обработка во Марибор (Словенија), Мадрид (Шпанија) и Скопје (Северна Македонија). Со пилот-проектот, целта е да се демонстрираат техничките, технолошките и административните можности за обработка и користење разни нештетни материјали, како и некои други видови секундарни суровини за производство на оддржливи градежни производи.

Очекуваното влијание на проектот CINDERELA е да ги намали негативните влијанија на индустријата и градежништвото врз животната средина. На тој начин ќе им помогне на градежните компании да ја зголемат својата конкурентност нудејќи оддржливи услуги.  Позитивното влијание врз животната средина ќе стане реалност преку понудата на проверени решенија за намалено користење примарни суровини и реупотреба на отпадот и секундарните индустриски суровини како материјал со нова вредност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.