Градежен работник е тешко повреден додека работел во сала во Скопје

50-годишен градежен работник од Скопје е тешко повреден додека работел во спортска сала, соопшти МВР.

„На 14.05.2025 во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен Т.Г.(50) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во спортска сала во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ во Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: