четврток, 12 ноември 2026
Најново

Градоначалникот на Гостивар не чувствувал морална одговорност за катастрофата што го снајде градот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Баљбон Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот.

– Сум во контакт со директорката на ЈП „Комуналец“ и раководството. Тие моментално се суспендирани од тие функции. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту било како да се попречи во работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице коешто менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна, рече Лимани.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

НАЈДЕНИ ФЕКАЛИИ ВО ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД… Обвинителство, ова е итна работа за вас
НАЈДЕНИ ФЕКАЛИИ ВО ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД… Обвинителство, ова е итна работа за вас

Од наследени долгови до нов модел на финансирање во 28 национални установи
Од наследени долгови до нов модел на финансирање во 28 национални установи

Тој изјави дека проблемите со градскиот водовод имале повеќе годишна историја, но тоа е главно како што рече со недостиг на вода и дека е од приоритети кои ги спроведува од преземањето на функцијата е новата водоводна линија на која веќе се работи.

Вонредната седница општинскиот совет е закажана за 15.00 часот.

Поврзани вести