Градоначалникот на Лондон призна дека посакува да биде премиер

 Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, кого многумина го сметаат за можен ривал на британскиот премиер Дејвид Камерон, изјави во вторникот дека еден ден би сакал да се испроба и во улогата на премиер на Велија Британија.Познат по своите медиумски истапи и ексцентричната личност, 48-годишниот Борис Џонсон се послужи со спортски речник за да ја опише својата амбиција, која веднаш потоа ја ублажи.„Мислам дека да се биде премиер е многу тешка работа. Кога би се добрал до топката во гужвата натиснати рагбијаши, а нема, би било одлично да се проба. Но, тоа нема да се случи“, изјави лондонскиот градоначалник во разговор за британскиот јавен радиодифузер BBC.Џонсон, чијашто популарност порасна во времето на одржувањето на Олимпијадата во Лондон летото 2012 година, долго време одбегнуваше да зборува за своите долгорочни политички амбиции, честопати демантирајќи ги наводите дека би можел да стане идниот премиер.Кога мината година му беше поставено тоа прашање, конзервативецот без влакна на јазикот, кој на работното место доаѓа со велосипед, рече дека шансите да стане премиер се еднакви на оние фризби да му ја отсече главата.
Макфакс Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, кого многумина го сметаат за можен ривал на британскиот премиер Д

Пронајдете не на следниве мрежи: