ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР И РУСКИОТ АМБАСАДОР ЗАСАДИЈА САДНИЦИ ВО ЗНАК НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО ПАРКОТ НА СЕЌАВАЊЕТО

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин, денеска засадија 10 садници од видот јавор и со овој чин го најавија хортикултурното уредување на паркот и идејното решение за реконструкција на детското игралиште позади Универзалната сала.
На местото каде ќе бидат засадени садниците, паркот ќе биде именуван во „Парк на сеќавањето“, а Општина Центар, овој парк го посветува на Руската Федерација во знак на пријателство и во чест на одбележување на 75 годишнината од победата над фашизмот.
Во месец мај годинава, Општина Центар со поддршка од руската амбасада постави ново спомен – обележје, лоцирано на реконструираната улицата „9 Мај“ во Центар, во чест на милионите војници кои пожртвувано ги дадоа своите животи во војната, за повторно враќање на светскиот мир, слободата и демократијата.
„Благодарност до рускиот амбасадот Н.Е Сергеј Баздникин и до Руската Федерација за поддршката на активностите на Општина Центар и преку овој симболичен чин сакаме да пратиме пријателска порака која ќе остане во сеќавање на граѓаните и идните генерации“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ
Овие активности се потврда за успешниот пријателски и партнерски однос кои двете држави го негуваат за унапредување и продолжување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете земји, во сите области од заемен интерес и зближување меѓу народите на двете држави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.