Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола е во пораст!

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска:

Господин Тони Коњановски, дали знаете дека домувањето и неможноста за економска независност се едни од клучните проблеми поради кои жртвите на семејно насилство не се одлучуваат да го напуштат НАСИЛНИКОТ (посебно ако имаат малолетни деца)?Градоначалниче, дали знаете дека додека праќате празни пораки за борба против насилството, бројот на жртви на семејно насилство во вашата Битола е во ПОРАСТ, додека жртвите се заглавени да МОЛАТ за помош во вашите бирократски лавиринти?!Градоначалниче, со кој образ ќе барате по втор пат поддршка од Битолчани кога во 4 години НЕ УСПЕАВТЕ да го решите најболниот проблем на жртвите на семејно насилство?

Пронајдете не на следниве мрежи: