Град без автомобили: Го укинале сообраќајот, а придобивките се бројни

Жителите на градот Понтеведра во Шпанија немаат потреба да викаат на улиците. Живеат без сообраќајна бука и сирени од автомобилите, бука од моторите и чкрипењето на старите автомобили. Во овој град автомобилите се забранети.
Она што ќе го слушнете на улиците е црцорењето на птиците, лесното мешање на чајот и кафето во кафулињата и звукот на човечкиот глас. Учителите минуваат низ градот со учениците без грижи дали некое од нив ќе биде удрено од автомобил.
-Слушајте, вели градоначалникот, отворајќи ги прозорите од својата канцеларија. Од улиците допираат неповрзани конверзации на луѓето.
-Пред да станам градоначалник, 14.000 автомобили минуваат низ ова гратче секој ден. Имаше повеќе автомобили отколку луѓе. 
Мигел Анчо Фернандез Лорес е градоначалник на овој град во Галиција од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: Фактот дека поседувате автомобил не ви дава право да заземате јавен простор.
-Се случува пензионерите или малите деца не можат да ги користат улиците од паркирани автомобили. Како е можно е приватниот посед да го зазема јавниот посед, вели Лорес.
Подобностите се бројни. На истите улици од 1996 до 2006 година починале 30 луѓе, само три починале во наредните десет години, а никој од 2009 година па досега.
Нивото на ЦО2 паднало за 70 проценти, а автомобилите се заменети до велосипеди или пешаци. И додека други градови полека пропаѓаат , Понтеведра добила нови 12.000 жители.
-Градот е со совршена величина за пешачење. Можете да го поминете целиот град во рок од 25 минути. Има доста работи кои можете да ги критикувате, но не постои ништо би ве натерало да го критикувате овој модел, вели локалниот архитект Рохелио Карбаљо Солер.
Живеев во Мадрид и на многу други места, но за мене ова е рај. Дури и кога паѓа дожд пешачам секаде. И сите оие кои се жалеа за овој систем, се тие кои ги одржаа своите бизниси и покрај кризата. Исто така е супер место и одгледување деца, изјавила Ракел Гарсија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.