Град Скопје започна со отстранувањето на првата галија од Вардар

Од денеска се започна со отстранувањето на едната од трите галии кои се наоѓаат во коритото на Вардар.

Шилегов имаше прес конференција по тој повот. Галијата што се отстранува се наоѓа спроти хотелот Холидеј Ин.

Демонтажата на терен ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка.

– Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани – изјави пред присутните медиуми градоначалникот Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи: