четврток, 12 ноември 2026
Најново

Град Скопје: На 18 август ќе спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопје на 18 август ќе спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје најави дека во вторник, 18 август 2026 година, во текот на денот ќе спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Градот информираат дека активностите ќе се реализираат во зависност од временските услови.

Доколку условите не дозволат спроведување на дезинсекцијата во предвидениот термин, третирањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови.

Градот Скопје упатува апел до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Дезинсекцијата е дел од активностите за намалување на бројот на комарци и спречување на нивното понатамошно размножување на територијата на главниот град.

Поврзани вести