Град Скопје: парична помош од 100.000 денари на семејствата на загинатите кај Ласкарце

По предлог на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов Советот на Скопје денес ќе одлучува за доделување парична помош од 100.000 денари на семејствата на петнаесетмината загинати во сообраќајната несреќа кај Ласкарце.
Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство ќе му додели парична помош од 100.000 денари – стои во одлуката.
Доколку советниците ја изгласаат одлуката, парите на семејствата ќе им бидат исплатени од постојната резерва од Буџетот на Град Скопје, а задолжен за реализација на одлуката е градоначалникот Петре Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.