Гранатиран Киев: Погодена 12 катница, воведен полициски час од 35 часа

Станбена зграда од 12 ката во Киев е погоден утринава од руски гранати. Зградата се наоѓа во киевската област Шевченковски, јавуваат светските медиуми.
Според информациите од украинските служби повредени се две лица, а 37 се евакуирани.

Продолжува потрагата по евентуалн жртви.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко вчера соопшти дека е прогласен полициски час кој ќе трае до четврток до 8 часот наутро, односно 35 часа.
-Забрането е движење по градот без посебна дозвола. Граѓаните ќе можат само да одат во засолништа, истакна Кличко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.