Граѓаните сметаат дека зголемената инфлација сериозно ќе го загрози семејниот буџет идната година

Мнозинството граѓани сметаат дека зголемената инфлација сериозно ќе го загрози семејниот буџет идната година.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од ИПИС. Ваков одговор дале 63,7 проценти од испитаниците.
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска минатиот месец истакна дека најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлација која претходно беше проектирана на 2,2 проценти.
Нагласи дека вакво нешто може да се случи со оглед на движењето на цените на храната и енергенсите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.