Грешка при миење заби, која ја уништува намената на пастата

Некогаш тоа што го правиме со најдобра намера, всушност ни штети, а токму тоа се случува и со миењето заби.
Стоматолозите предупредуваат што никако не смееме да правиме додека ги миеме забите, бидејќи со тоа ја уништуваме намената на пастата за заби.
Премногу цврстото и прекраткото миење заби се некои најчестите грешки кои ги правиме, но стоматолозите предупредуваат дека постои една, уште поголема грешка која веднаш треба да престанеме да ја правиме, бидејќи таа го намалува, па дури уништува ефектот на забната паста.


Имено, многумина од нас, веднаш после миењето заби, ставаат вода за плакнење на забите во устата, со намера уште подобро да ја дезинфицираат и исчистат усната шуплина, но со тоа всушност добиваме спротивен ефект.
Тоа се случува затоа што водата за уста ги мие сите состојки на забната паста, кои се важни за зачувувањето на здравјето и белината на забите.
Водата за уста треба да се користи најмалку еден час пред да ги измиете забите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.