Грозоморно убиство во Панчево: Маж ја закла сопругата среде улица (ВИДЕО)

Петар М. (64) од Панчево ја убил својата поранешна сопруга Десанка М.(60) во центарот на градот пред очите на десетици минувачи.

Десанка им подлегнала на повредите во болница во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг бил уапсен по нападот.
Десанка М. била прободена пред автобуската станица во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг се обидел да избега, но бил спречен од возачите на локалното транспортно претпријатие. Тие го држеле убиецот додека да дојде полицијата.

Во исто време минувачите се обидувале да ја спасат жената, која крварела на улицата. Таа сепак, им подлегнала на повредите на вратот и на стомакот здобиени кога Петар со нож ја нападнал од грб.
Двајцата не живееле заедно бидејќи во тек била бракоразводна постапка. Десанка живеела во Сигурна куќа, а тој имал забрана да и се приближува. Убиецот, сепак, ја нашол сопругата и ја нападнал.

Видеото можете да го погледнете на следниов линк, на БЛИЦ.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK