Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе прифати претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание

Артан Груби во интервју на ТВ Сител запрашан на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори, доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот изјави дека за онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.

Во интервју на ТВ Сител, Груби беше прашан и за евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: