Груевски добил унгарско државјанство – екстрадицијата речиси невозможна?

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој од 2018 година престојува во Будимпешта, добил унгарско државјанство во 2022 година, објави истражувачкиот портал „VSquare“, повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според информациите, државјанството му било доделено врз основа на „државен интерес на Унгарија“, а со тоа значително се намалуваат шансите за негова екстрадиција во Македонија.

Истражувачките анализи посочуваат дека унгарското државјанство претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил што Груевски го доби по бегството од Македонија во 2018 година. Додека азилот може да биде одземен, одземањето државјанство е далеку посложена и ретка процедура.

Новиот статус дополнително ја комплицира можноста Македонија да обезбеди негова екстрадиција, особено ако тој и натаму живее на територијата на Унгарија.Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред издржување на затворската казна за предметот „Тенк“, по што доби политички азил во Унгарија.
The post Груевски добил унгарско државјанство – екстрадицијата речиси невозможна? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: