Моето споменување во секое соопштение покажува колкави комплекси си пренесуваат лидерите на СДСМ од колено на колено. – вели поранешниот премиер Никола Груевски коментирајќи соопштение на опозициската СДСМ.
– Седум години се обидуваа неспособноста и фрустрациите да ги лечат со политички подметнувања, политички прогони, лаги и клевети, додека масовно вршеа грабеж, лично богатење и предавства на македонските националните интереси. “Жеден преку вода” го донесоа народот, со навидум “зголемени” плати и пензии, а всушност осиромашен како никогаш, излажан и изманипулиран.
Затоа народот ги испрати со историски најниска подршка на парламентарни избори и најголем пад на таа партија на сите времиња на срамни 150.000 гласа во опозиција, пад и пораз причинет најмногу од самите нив.
Последното соопштение е толку тупо и не инвентивно смислено, што мора да го издиктирал Заев по телефон, како “лидер во сенка” од некоја плажа од Грција. Или базен во луксузен хотел од Дубаи, додека неговите пулени во партијата јавно се навредуваат за поразот, плашејќи се гласно да кажат дека “месијата” црпнат од нивата “ги закопа” на 18 пратеници да го делат третото место во парламентот, а потоа и тие самите затоа што беспоговорно го следеа и слушаа.
А овој новиов што го постави пред некоја недела не смее да му врати збор, ако сака да има подршка од проневерените стотици милиони евра и изнесеното богатство од Македонија на браќата Далтони од Муртино. – напиша Груевски.