Груевски осуден на 9, Јанакиески на 3, Трајковски на 4 години – донесена пресуда за ТНТ

Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“ Никола Груевски кој е во бегство го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, додека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, е осуден на три години.

Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, додека три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда. Сите се товареа за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Случајот се однесува на уривањето на станбениот објект на бизнисменот Фијат Цаноски.

За да му се одмаздат Груевски и Миле Јанакиески го натерале градоначалникот Трајковски да го сруши Космос поради тоа што тој ја напуштил тогашната коалиција со ВМРО ДПМНЕ…

Првото рочиште за овој случај беше одржано на 24 јануари 2018 година.

Со пресудата судот ги задолжи осудените да му ја надоместат и направената штета на Цаноски во вредност од над 10 милиони евра.

Груевски објави статус на Фејсбук, во кој се гледа дека подолго време се пишувал и дека истиот се подготвувал да биде осуден…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.